Новите правила, според кои сите луѓе кои летаат кон Германија ќе мораат да покажат негативен резултат од тестот за коронавирус пред да се качат на авионот, стапија на сила од денес. Правилата, објавени минатата недела, стапија на сила рано утрово и ќе важат до 12 мај, пренесува агенцијата АП.
Од патниците се обврзани на авиокомпанијата со која летаат да ѝ покажат негативен резултат од тестот на германски, англиски или француски јазик, а тестот не смее да биде постар од 48 часа.
Екипажот на авионот и децата на возраст под пет години се изземени од оваа мерка.
Ако луѓето имаат позитивен тест, тие мора да останат таму каде што се наоѓаат според локалните правила за карантин и на свој трошок.
Германската влада ја окарактеризира последната промена како потег на претпазливост за да се спречи ширењето на вирусот.