Германската канцеларка Ангела Меркел им порача на пратениците од нејзината конзервативна партија дека ограничувачките мерки поради коронавирусот ќе останат на сила во Германија до почетокот на април, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на учесниците на состанокот.
– Ако не успееме да го запреме овој британски мутиран вид, до Велигден ќе имаме десет пати поголеми бројки. Ни требаат уште 10 недели остри мерки“, соопштила Меркел.
Според институтот Роберт Кох, во последните 24 часа во Германија биле заразени 12.802 лица со коронавирус, а починале 891 лице.
Вкупниот број на жртви на коронавирус се зголеми на 41.577, а заразени на 1.933.826.
Тековните мерки за затворање се на сила до крајот на јануари, но веќе има индиции од неколку сојузни држави дека мерките можат да бидат продолжени во февруари.
Од понеделник, во сила се дополнителни мерки за ограничување на контактите, според кои на членовите на едно домаќинство им е дозволено да се состанат со најмногу едно лице од друго домаќинство.
Во повеќето федерални провинции, мерката на ограничено движење од 15 км радиус стапи на сила за градовите и областите со седумдневна инциденца поголема од 200.
Мерките за забрана за работана угостителски, културни и спортски објекти, како и на целата малопродажба, со исклучок на продавниците за секојдневни потреби и аптеките, се на сила уште од претходно.