Германија планира набавка на 2.500 оклопни транспортери и 1.000 тенкови за 25 милијарди евра

Роковите на испорака што ќе се договорат би биле исто така дополнителен фактор за заштеди на Германија.

од desk2
10 прегледи

Германија планира засилување на својата војска, со предвидена набавка на 2.500 оклопни транспортери и 1.000 тенкови за сум од 25 милијарди евра. Сепак, планот за доопремување подразбира и зголемување на капацитетите на германските производители на оклопни возила, што би можело да влијае на намалување на цените, со што не само што германската држава би платила помалку од 25 милијарди евра, туку тоа би ги направило германските оклопни возила поприфатливи за странски држави. Роковите на испорака што ќе се договорат би биле исто така дополнителен фактор за заштеди на Германија.

Како што пишуваат германски медиуми, тенковите Леопард 2 ги произведувааат германските компании KNDSS Deutschland и Rheinmetall, додека транспортерот Боксер го произведува компанијата ARTEC, со заедничко вложување со другите две компании.

Засега набавката е во фаза на планирање, со учество на министерот за одбрана Борис Писториус и германската војска, а парламентот би гласал за набавката кон крајот на годинава.

Бундесверот моментално има околу 310 тенкови Леопард 2, од кои активно се користат околу 250, додека од транспортери има околу 800 „Фукс 1“ и околу 500 „Боксер“.

Како членка на НАТО, и Германија се обврза до 2035 година да го зголеми трошењето на одбраната до 5%.

Слични содржини