Германското Министерство за финансии одобри исплата на 2,5 милијарди евра за четири пловечки терминали за течен природен гас (LNG), се вели во писмото испратено до парламентот.
Исплатата е одобрена пред консултации со собраниската комисија за буџет поради итноста на постапката, се вели во дописот на агенцијата ДПА.
Потпишувањето на договорот за закуп на терминалниот брод е закажано за 14 и 20 април, со образложение дека сака да обезбеди снабдување со гас за Германија и да ја намали зависноста од увоз на гас од Русија.
Во извештајот на Министерството за економија, објавен кон крајот на март, се вели дека владата обезбедила опции за три пловечки терминали за LNG преку енергетските компании RWE и Uniper.
Компаниите во моментов преговараат за закуп на терминалот, а владата ги проверува можните локации во Северното и Балтичкото Море. Терминалите би можеле да бидат поставени следната зима, според ДПА.