Германија побара промена на реклама на Тесла

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Германија побара од Tesla да престане да ja рекламира функцијата “автопилот” на своите автомобили, бидејќи тоа водело до погрешни очекувања кај клиентите.5115438 Од регулаторното тело за транспорт во СРГ КВА испратиле до компанијата дека промената е потребна за да се избегнат лажни очекувања меѓу клиентите, поради што дефиницијата “автопилот” повеќе не треба да биде присутна во рекламите.

Од Министерството за транспорт на Германија ја потврдиле за АФП вистинитоста на оваа информација. Во Германија се води истрага за системот за автопилот на автомобилите произведени од страна на производителот на електрични автомобили Tesla, чиј модел S е на пазарот од октомври 2015 година.

Прашања за функционирањето на овој систем се појавија по две несреќи – едната во северна Кина во јануари, втората вв Флорида во мај. Во септември електромобилот на Tesla се удри во автобус во северна Германија, при што возачот на автомобилот беше полесно повреден. Возачот изјави по инцидентот, дека го активирал системот за автопилотирање.

Тогаш од Tesla соопштија дека возачот потврдил дека автопилотот “функционира правилно и … не е поврзан со инцидентот.”

Минатата недела портпаролот на Tesla изјави за АФП: “Ние секогаш сме давале до јасно да се разбере од нашите клиенти дека автоматскиот систем е систем на возачот, кој бара од возачот да обрнува внимание во секое време”.

Системот овозможува возилото да ги менува автоматски лентите на движење, да управува со брзината и сопирачките, за да избегне судир. Но, системот е под команда на возачот и може да биде исклучен или игнориран од него.