ГЕРМАНИJA: Поделбите во општеството и порастот на национализмот се егзистенцијална закана за туризмот

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Германија треба да биде погостопримлива кон странските туристи, предупредија Германската туристичка асоцијација (DTV) и Германската асоцијација на патници (DRV), пренесува германската новинска агенција (dpa).

Здруженијата оценија дека подемот на национализмот и поделбите во општеството се егзистенцијална закана за туризмот.

– Само Германија отворена кон светот може да привлече туристи, објавија заедничките DTV и DRV по средбата во Вајмар, пренесува dpa.

Здруженијата нагласуваат дека ги отфрлаат сите десничарски екстремизми и мизантропски идеологии.

– Не прифаќаме антидемократските сили да создаваат атмосфера на неизвесност, страв и омраза во нашата земја и во нашите градови, е заедничкиот став на DTV и DRV.

Минатата година 487,2 милиони ноќевања биле забележани во германски хотели, одморалишта и кампови, покажуваат податоците на Федералниот завод за статистика. Од нив, 80,9 милиони ноќевања оствариле странски гости.

Учеството на странските туристи е 16,6 отсто, што е за 1,5 отсто повеќе од претходната година, но исто толку помалку од рекордната 2019 година.

Најмногу посетители во Германија доаѓаат од Холандија (11,5 милиони) и Швајцарија (6,8 милиони). Во 2023 година имало 6,5 милиони туристи од САД.

Најпопуларните дестинации за туристите се Берлин, Минхен и Хамбург.

Слични содржини