Во Германија вакцинацијата против коронавирус е одложена во неколку градови, бидејќи термометрите на повеќе од илјада примероци покажаа дека вакцината можеби не била на доволно ниска температура за време на транспортот. Поради илјадници сомнителни примероци, Бајонтек чека одговор дали овие вакцини можат да се користат.
„При читањето на дневниците за температура, кои беа затворени во термокутии, се појавија сомневања дека не ги исполнуваат условите“, објави областа Лихтенфелс во северна Баварија.
Медицинскиот персонал откри дека температурата во еден термобокс за транспорт на вакцината се искачила на 15 степени Целзиусови, изјави портпаролот на Лихтенфелс, што е повеќе од 8 степени како што е пропишано од производителите.
Поради илјадници сомнителни примероци, Бајонтек чека одговор дали може да се користат вакцини.
„Не е работата да се вакцинира некој најбрзо или да се имаат најмногу дози, најголем приоритет е безбедноста и совесната работа за доброто на нашите сограѓани“, рече Оливер Баер, окружен гувернер на Хоф.
Инаку, вакцината што ја користи новата таканаречена mRNA технологија мора да се чува на ултра ниски температури од околу -70 степени Целзиусови, во специјално дизајнирани кутии исполнети со сув мраз пред да стигне до дистрибутивните центри.
Откако ќе се отстрани од складирање, вакцината мора да се чува на температура од 2 до 8 Целзиусови степени за да биде употреблива во следните пет дена. Термокутиите, дизајнирани од Pfizer, исто така се опремени со GPS тракери, така што компаниите можат да ги решат потенцијалните проблеми со складирањето во транспортот.
Европската унија во неделата започна масовна вакцинација на пензионери и здравствени работници за да се спречи ширењето на пандемијата што ги распадна економиите и однесе повеќе од 1,7 милиони животи ширум светот.
Ова доцнење во Германија ги потенцираше предизвиците во дистрибуцијата на вакцините бидејќи се тестираат два други типа на вакцини развиени од „Модерна“ и „АстраЗенека“, кои се полесни за транспорт и складирање.