ГЕРМАНИЈА ПРАВИ ЗАЛИХИ НА ВАКЦИНИ? Веќе сега нарачуваат дози за 2022 година

од Nikola Popovski
156 прегледи

ГЕРМАНИЈА нарачува вакцини за 2022 година во случај да бидат неопходни уште доза за имунизација против Ковид-19, објави министерот за здравство Јенс Шпан.

Пред форумот на здравствени работници, министерот го бранеше напредокот постигнат во набавката на вакцината на онлајн конференција, велејќи дека 2,3 милиони граѓани, од 83 милиони во Германија, веќе ја примиле првата доза на вакцината, пренесува Ројтерс.

– Сега всушност нарачуваме нови вакцини за 2022 година, за да можеме барем да имаме нешто при рака – рече Шпан.

Тој додаде дека никој не знае дали на Германија ќе ѝ бидат потребни дополнителни количини.

– Веднаш штом ќе се прошират производните капацитети, ние ќе нарачаме вакцини како мерка на претпазливост. Ако не ни требаат, во ред е, но доколку ни се потребни – тие ќе ни бидат достапни – додаде германскиот министер.

Некои покраински премиери денес се приклучија на критиките кон федералната влада, пред состанокот на новата работна група за коронавирус, според Ројтерс.

Националните и регионалните претставници задолжени за договорот со фармацевтските компании и претставниците на Европската унија ќе се соберат на иста маса во понеделник.

Баварскиот премиер Маркус Зедер предложи нови правила кои и овозможуваат на државата да има поголеми овластувања во насочувањето на резервите на вакцини кон оние на кои им е најпотребно.

Тој ги повика властите да размислат за одобрување на кинеските и руските вакцини за употреба во Европа.

Европските влади се соочуваат со критики во врска со набавките за вакцини, што е забавено со најавите на производителите АстраЗенека, Фајзер и Модерна дека ќе ги намалат испораките на договорени дози, во моментот кога се очекуваше да го зголемат производството на вакцини, додека многу европски земји ѝм завидуваат на успешната забрзана масовна вакцинација од страна на Велика Британија, Израел и САД, наведува британската агенција.