ГЕРМАНИЈА: Продолжи бранот неликвидност, годинава се очекува банкрот на 20.000 фирми

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Падот на германската економија продолжува, а бројот на корпоративни банкротства во Германија продолжува да расте со двоцифрена стапка.

Ова го пренесува германската новинска агенција (dpa), посочувајќи дека има знаци за значително зголемување на бројот на несолвентности за целата година, со исклучок на јуни.

Според прелиминарните податоци, Федералното биро за статистика бележи зголемување на пријавените стечајни постапки за 22,9 отсто во споредба со октомври 2023 година.

Во цела 2023 година, Федералното биро за статистика забележа 17.814 стечаи на компании. И покрај зголемувањето за добра петтина, тоа беше релативно ниска вредност на долг рок во споредба со 2009 година, кога, во времето на финансиската и економската криза, речиси 33.000 компании во Германија прогласија банкрот.

– Сегашниот бран на несолвентност е резултат на континуираната економска слабост и драстично зголемените трошоци, рече Штефен Милер, истражувач во Институтот за економски истражувања Лајбниц (IWH) во градот Хале.

IHW известува за нагло зголемување на бројот на стечајци во октомври оваа година на 1.530 случаи. Последен пат повеќе несолвентност на партнерства и трговски друштва во тој месец се забележани во 2004 година.

– Многу послаби компании кои го преживеаја периодот на ниски каматни стапки и со поддршка за време на пандемијата, сега се под голем притисок бидејќи трошоците нагло се зголемија, објаснува Милер, нагласувајќи дека „особено високо задолжените компании тонат во банкрот“.

Слични содржини