215
Во рамки на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Бундестагот имаше средби со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања, при што била реафирмиран германскиот ангажман и поддршка на европскиот пат на С. Македонија.
-Средба со мојот почитуван пријател Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг. Во фокусот на разговорите – неопходноста за одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на интеграција на државите од Западен Балкан во светло на новите геополитички ризици кои го демнат и регионот. Германија продолжува да биде гласен и цврст поддржувач на нашиот европски пат, напиша министерот Бујар Османи на неговиот ФБ.
Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите беше европското досие на нашата држава и неопходноста од одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на евроинтегративните процеси на државите од Западен Балкан, со оглед на новите геополитички ризици кои го демнат и регионот.