Официјален Берлин објави дека прогласил двајца руски дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Германија за персона нон грата.
Според зборовите на шефицата на германската дипломатија, Анален Бербок, причина за протерувањето на двајца руски дипломати е случајот со убиството на милитантот Зелимхан Хангошвили во берлинскиот парк Мали Тиргартен во август 2019 година.
„Ова е убиство нарачано од државата, како што е утврдено во судот, што е тешко кршење на германскиот закон и суверенитет. Затоа на амбасадорот му било кажано да протера двајца членови на руската амбасада“, рече таа.
Да потсетиме, грузискиот државјанин Зелимхан Хангошвили, кој беше убиен во Германија, учествувал во планирањето и подготовката на терористичкиот напад во Беслан и експлозијата на возот во московското метро меѓу станиците Автозаводска и Павелечка во 2004 година.
Инаку, во Берлин заврши судењето на рускиот државјанин Вадим Соколов кој беше прогласен за виновен за убиството на Хангошвили. За ова дело Соколов е осуден на доживотен затвор.
Фото: Ekaterina Česnokova