264
Германските власти денеска размислуваат и анализираат дали да ги гонат лицата кои го користат симболот „Z“ (З) со намера да покажат поддршка за рускиот напад врз Украина.
Руските војници во Украина ја испишуваат буквата „Z“ на возилата, а некои ја сметаат за симбол на поддршка за она што Кремљ го опишува како специјална воена операција во соседната земја.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните служби се свесни дека овој симбол се користи на митинзите во Германија и дека буквата во одредени околности, може да се смета за знак за поддршка на руската инвазија.
„Нападот на Русија врз Украина е злосторство и секој кој јавно ја одобрува оваа војна може да да биде кривично гонет“, се вели во соопштението.