Германија регистрирала 118.970 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, објави Ројтерс, повикувајќи се на Институтот за заразни болести Роберт Кох.
Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција со вирусот во Германија достигна 9.737.215.
Во последните 24 часа се регистрирани 59 нови смртни случаи поврзани со Ковид.
Вкупниот број на починати од Ковид во Германија е веќе 117.725.