ГЕРМАНИЈА: „Северен тек 2“ засега не ги исполнува барањата на ЕУ

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, тврди дека проектот за изградба на гасоводот „Северен тек 2“ засега не ги исполнува барањата на ЕУ и тоа, според неа, е причината што процесот на сертификација беше запрен.

– Нашата сојузна влада во коалицискиот договор јасно укажа дека енергетските проекти во Германија мора да бидат во согласност со европските барања, што важи и за „Северен тек 2“. Но, во моментов тоа не е така, а сертификацијата е стопирана – тврди министерот за надворешни работи на Германија во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Според неа, прашањето за ставање во функција на „Северен тек 2“ има геополитички карактер. Таа потврди дека актуелната германска влада го поддржува пристапот наведен во заедничката декларација со САД, според која „ќе се воведат ефективни и драстични мерки против Русија, во соработка со европските партнери, во случај Москва да ја користи енергијата како оружје или во случај на агресивни дејствија во Украина“.

Бербок смета дека политичката одговорност значи на сите во Европа да им се обезбеди струја и греење, без оглед на нивото на приход. Таа смета дека европската енергетска независност треба да се зајакне.

Слични содржини