Германија: Скоро 5.000 новозаразени лица за 24 часа

од Vladimir Zorba
365 прегледи

Германија регистрираше 4.971 нови случаи на инфекција со корона вирус, објави денеска Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Во претходните 24 часа, 88 лица починаа од Ковид-19, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 94.297.

Од почетокот на пандемијата, Германија регистрираше 4.318.355 случаи на инфекција со коронавирус.