Германија воведува неколку даночни измени: Еве кои работници ќе земаат поголема, а кои помалa плата

од Vladimir Zorba
14 прегледи

На почетокот на следната година во Германија ќе стапат на сила нови даночни олеснувања кои ќе се одразат на нето приходот на милиони работници во таа земја. Дополнително, покрај даночните олеснувања од 2025 година, ќе се зголемат и придонесите за здравствено осигурување и социјално осигурување. Според пресметките на „Феникс магазин“, од овие промени најмалку ќе имаат корист самците без деца.

Имено, една од измените ќе се однесува на личниот одбиток кој од 2025 година ќе се зголеми за 300 евра и ќе изнесува вкупно 12.084 евра. Ова е горна граница која останува ослободена од данок. Дополнително, се поместуваат границите на даночните класи – граѓаните кои плаќаат најмногу даноци, дури 45 отсто, од 2025 година ќе плаќаат само над 277.826 евра. Солидарниот придонес ќе биде задолжителен од 19.950 евра приход, што е зголемување за 1.000 евра.

Дополнително, за 60 евра се зголемува и детскиот додаток, па тој ќе изнесува 6.672 евра. Од друга страна, граѓаните ќе треба да плаќаат повеќе за социјално осигурување – придонесот за нега се зголемува за 0,2 процентни поени и ќе изнесува 3,6 отсто, со тоа што граѓаните без деца ќе плаќаат дополнителни 0,6 отсто. Дополнителниот придонес за здравствено осигурување од 1,7 отсто ќе порасне на 2,5 отсто.

Убедливо најмалку ќе имаат бенефит слободните, бидејќи платата ќе им се зголеми само за 1,5 евро ако имаат бруто плата од 3.000 евра месечно. Ако се земат предвид социјалните бенефиции, оние самци со 5.500 евра бруто месечно ќе имаат речиси 20 евра помалку во џеб секој месец.

Слични содржини