Германија воведува построги правила за оваа група на луѓе

Една од главните точки на новиот закон за азил на ЕУ е спроведување на процесот за решавање на барањата за азил на надворешните граници на ЕУ, за апликантите од држави чии граѓани имаат мали или никакви шанси да добијат азил.

од Кристијан Димков
33 прегледи Фото: Принтскрин Александар Добриндт/Политико

Германскиот парламент во петокот ги одобри новите правила на ЕУ за третман на барателите на азил и бегалците.

„Европската политика за азил е нефункционална со години, новите правила се голем чекор напред“, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт во дебатата пред гласањето во Бундестагот.

Реформата беше поздравена и од помладиот партнер на Фридрих Мерц во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD). Пратеникот на социјалдемократите Себастијан Фидлер рече дека оние кои заслужуваат заштита во ЕУ ќе продолжат да ја добиваат.

Опозиционите партии Алтернатива за Германија, Зелените и Левицата гласаа против ускладувањето на ЕУ законите со гарманските, при што АфД изјави дека законот не оди доволно далеку за да се спречи нерегуларната миграција, а Зелените и Левицата рекоа дека новиот закон е премногу рестриктивен.

Една од главните точки на новиот закон за азил на ЕУ е спроведување на процесот за решавање на барањата за азил на надворешните граници на ЕУ, за апликантите од држави чии граѓани имаат мали или никакви шанси да добијат азил.

Постапката би била забрзана за оние баратели на азил кои влегле во ЕУ во друга земја-членка. На нив ќе им биде обезбедено сместување каде што ќе мора да чекаат да бидат вратени во земјите од каде што влегле во ЕУ.

Германија е еден од главните иницијатори на новите, построги правила за азил на ЕУ. Откако дојде на власт во мај минатата година, демохристијанско- социјалдемократската влада на Фридрих Мерц го наведе драстичното намалување на нерегуларната миграција во Германија како една од своите најважни цели.