Германија за Велигден во карантин: Големи семејни собири ќе бидат забранети за празниците

од Берта Китинска
134 прегледи

Германија најави дека ќе воведе мерка на строго затворање за период од пет дена за време на Велигден поради „експоненцијалното“ ширење на вирусот корона.

Канцеларката Ангела Меркел нареди воведување строги мерки по маратонските разговори со покраинските лидери, кои траеја повеќе од 11 часа. Таа предупреди дека многу има заразени со новиот  вид на вирусот кој се шири во Германија.

Почнувајќи од 1 април, Германците ќе треба да останат дома пет дена и да ги намалат контактите што е можно повеќе, Сепак, на состанокот не беше договорено да се затворат сите продавници, вклучувајќи и супермаркети, за што Меркел се залагаше.

Големи семејни собири ќе бидат забранети за празниците и ќе бидат ограничени на најмногу пет луѓе од две домаќинства. Владата ќе ги повика црквите да не одржуваат велигденски служби за да се избегнат собири.

„Сега фактички се наоѓаме во нова пандемија. Британската мутација стана доминантна. Се соочуваме со нов вирус од ист тип, но со различни карактеристики. Посмртоносен, позаразен“, кажа Меркел.

Германија во почетокот на овој месец почна претпазливо да ги олеснува рестрикциите, но во изминатиот период бележи нов пораст на бројот на ковид позитивни, што ги зголеми грижите дека болниците наскоро би можеле да бидат преполни ако не се преземат мерки.

„Ситуацијата е тешка подолго одошто очекувавме, но има светло на крајот на тунелот“, изјави Меркел.

Слични содржини