Германија: Забраната на руската нафта и гас ќе ја турне земјата во хаос

од Vladimir Zorba
156 прегледи

ГЕРМАНСКАТА министерка за надворешни работи, Аналена Баербок ја оправда одлуката на Берлин да не го забрани увозот на руска нафта како одмазда за инвазијата на Украина, велејќи дека тоа ќе ја турне Германија во хаос што попрво би било победа, отколку пораз за Кремљ, пренесоа агенциите.

„Ако Германија веруваше дека забраната за увоз ќе стави крај на војната, тоа ќе го направи. Но не верува во тоа“, рече таа.

Германија е зависна од Русија за една третина од увозот на нафта, многу повеќе зависи од САД, кои претходно најавија ембарго за увоз на руска енергија.

„Доколку веднаш забранивме, утре нема да можеме да се движиме низ Германија“, рече таа.

Таа додаде дека клучните работници како што се наставниците или медицинските сестри нема да можат да доаѓаат на работа и дека струјата ќе биде проблем.

САД во вторникот објавија дека воведуваат ембарго за увоз на руска нафта и гас, додека Велика Британија соопшти дека постепено ќе го укине увозот на руска енергија до крајот на 2022 година, што дополнително ќе го зголеми притисокот врз Москва во знак на одмазда за инвазијата на Украина.

Слични содржини