При претрес на два автобуса, кои пристигнале од земјите на Западен Балкан, германските цариници во Штутгарт заплениле околу 600 килограми сушени сувомеснати производи кои немале задолжителни ветеринарни сертификати.
Сувомесните производи била спакувани во патни торби, а оние што ги превезувале биле казнети за внесување храна во земјата без дозвола.
Шверцерите на храна, исто така, ќе треба да ги платат сите трошоци, вклучително и уништувањето на тие добра.
„Целта на забраната за увоз на храна без потврда е да се спречи ширењето на опасни болести на животните, како што е африканската свинска чума“, изјави портпаролот на Главната царинска испостава, Томас Семан.
„Таквите месни производи можат да носат многу заразни патогени микроорганизми и да доведат до опасно ширење на епидемијата во Германија“, додаде шефот на ветеринарната станица во округот Ешлинген, Кристијан Маркварт.
Инаку, царината на аеродромот во Штутгарт запленува повеќе од четири тони храна годишно, што шверцерите се обидуваат да ги увезат во Германија без дозвола и без потврда.