Германија: Зошто се повеќе градови сакаат да го забранат Airbnb?

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Airbnb е омилена платформа за наоѓање туристичко сместување во градовите. Цената е обично поповолна од цената на хотелите. Но, таа платформа го загрозува нормалниот животен простор – и во Германија.

Летово Германија е мека за љубителите на музиката и фудбалот: прво Европското фудбалско првенство, а потоа и бројни концерти, на пример, Тејлор Свифт или Адел. Фанови од целиот свет патуваат во Германија и секако мора да „отспијат“ некаде.

Платформата Airbnb има најголема корист од ова. Во градовите како Минхен, Гелзенкирхен или Дизелдорф, милиони туристи потрошија многу пари за храна, пијалоци и сместување во текот на изминатите недели.

Ова им носи профит и на германските хотели, каде во јуни имало три отсто повеќе гости отколку истиот месец лани.

Сепак, не е лесно за хотелите

Ингрид Хартгес, директорка на Германското здружение на хотели и ресторани (ДЕХОГА), вели дека немало неверојатна добивка, „бидејќи еден голем настан секогаш води до поместување и преместување на други настани“. На пример, за време на Европското фудбалско првенство имаше помалку конгреси и состаноци од вообичаено, а некои беа одложени или откажани.

Airbnb немаше такви проблеми. На платформата преку која се издаваат и приватни станови, бизнисот цвета. За време на големи настани, сместувањето што се нуди преку Airbnb е многу барано, меѓу другото, затоа што гостите имаат можност сами да готват и на тој начин да заштедат на храна.

Токму поради оваа можност, побарувачката за сместување преку оваа платформа се зголеми за 600 отсто во Минхен, каде Тејлор Свифт имаше два концерта во јули, во однос на јули минатата година. И во Гелзенкирхен, град во областа Рур за кој многу посетители претходно не знаеја, побарувачката се зголеми за дури 7.000 отсто за време на нејзините три концерти.

Становите ја губат првобитната намена и тоа е лошо

Фалк Ерфкамп и Никлас Кун, кои ги издаваат своите станови на туристи преку Airbnb, велат дека тоа секако доведува до големо зголемување на побарувачката во однос на понудата и со тоа можност за зголемување на цените и заработка повеќе пари.

„Нормалниот промет по стан овде е меѓу 2.500 и 3.000 евра. За време на Европското првенство имавме станови кои правеа промет од шест до седум илјади евра“, велат овие претприемачи.

„Го проучуваме пазарот и се прашуваме: каде е најголем товарот, колку станови се издаваат во една област? Која е побарувачката и кои се трендовите? И ние ги прилагодуваме нашите цени врз основа на тоа“, додава Ерфкамп.

Кога побарувачката е поголема од понудата, туристите често немаат друг избор освен да бараат сместување во предградијата. Но, тоа често му пречи на локалното население.

Студијата на германскиот институт за економски истражувања покажа дека зголемувањето на киријата е една од последиците на растечкиот пазар за туристички апартмани како што е Airbnb. Зашто, доколку се повеќе станови се користат само за издавање на туристи, може да има недостиг од станбени станови.

Ова е причината зошто некои градови сакаат да го забранат Airbnb на нивната територија, пишува ДВ.

Слични содржини