Германија нема да го блокира кинескиот BYD при евентуалното преземање на фабриката на Ford

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Германија нема да го блокира кинескиот производител на електрични автомобили BYD како можен инвеститор во фабриката за автомобили Ford која бара нова сопственост.

Најавата доаѓа во време кога Германија се обидува да ја намали својата економска зависност од Кина, да се заштити од потенцијалните геополитички тензии, но не и да се отуѓи од важен брзорастечки потрошувачки пазар.

„Волстрит журнал“ на крајот на јануари објави дека BYD е еден од петнаесетте инвеститори заинтересирани да ја преземат фабриката на Ford во Сар од 2025 година, откако Ford ќе престане да го произведува моделот Ford Focus.

Кинеската BYD претходно соопшти дека бара фабрики во Европа, а извршниот потпретседател на компанијата рече дека попрво би изградил свои фабрики отколку да купува постојни, пренесе Ројтерс.

Слични содржини