Патниците на четири аеродроми во Германија ќе се соочат со откажани летови и одложувања денеска поради штрајкови во најновата индустриска акција која ја погоди земјата, со најавено откажување на 681 лет.
Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (АДВ). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници.
Синдикатот Верди повика на штрајкови бидејќи преговорите за платите во индустријата за воздухопловна безбедност остануваат неуспешни и продолжуваат споровите за платите во јавниот сектор.
Според синдикатот, штрајковите во некои области нема да завршат до раните утрински часови во сабота.
Аеродромските оператори ги советуваа патниците да го проверат статусот на летот кај нивниот превозник или организатор на патувањето пред да одат на аеродром.