Германија: Празнините во армијата ќе останат до 2030 година

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Германската армија не може целосно да ги пополни постојните празнини до 2030 година, изјави министерот за одбрана Борис Писториус.

„Сите знаеме дека постојните празнини не можат целосно да се пополнат до 2030 година… Ќе бидат потребни години. Сите се свесни за тоа“, рече Писториус во интервју за „Велт ам Зонтаг“, објавено денеска.

Експертите проценуваат дека германската армија – Бундесверот – веќе ослабена со децении недоволно инвестирање по крајот на Студената војна, сега е во уште полоша состојба од пред една година, бидејќи оружјето и муницијата дадени на Украина главно сè уште не се заменети. според Ројтерс.

Слични содржини