Германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, денес негираше дека Берлин стои зад таканаречениот „нон-пејпер“ според кој Белград и Приштина меѓусебно ќе се признаат и ги нарече вестите лажни.
Роде на тој начин реагираше на својот Твитер на пишувањето на приштинска „Коха“ дека има увид во тој неофицијален документ, кој наводно го подготвиле Германија и Франција.
„Таканаречениот германско-француски нон-пејпер, објавена од Коха Диторе, е лажна вест. Таков документ може да постои, но сигурно не е германско-француски“, рекол германскиот амбасадор.
Тој додал дека Германија целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ и нејзиниот специјален пратеник Мирослав Лајчак.
The so called “German-French non paper” published by Koha Ditore is fake news! There might be a paper but it’s for sure not a German-French one. Our full support is for the EU-led dialogue led by EUSR @MiroslavLajcak as German FM Maas again underlined last Thursday in Pristina
— Ambassador Jörn Rohde (@GermanAmbKOS) April 27, 2021
Приштинска „Коха“ изјави дека синоќа добила неофицијален документ, кој наводно го подготвиле Германија и Франција, а кој претставува заедничка иницијатива за продолжување на дијалогот, што треба да резултира со конечен договор.
Во „нон-пејперот“ се наведува дека ќе се создаде автономна област на северот на Косово и дека Српската православна црква ќе има привилегиран статус, додека Белград ќе биде обврзан да не го блокира членството на Приштина во меѓународните организации.