Германската автомобилска индустрија влегува во период на континуиран пад

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Германската автомобилска индустрија навлезе во периодот на опаѓање по 10 години раст. Многу фактори укажуваат дека падот ќе биде многу сериозен и континуиран.

Проблемите со кои се соочуваат во моментов „БМВ“, „Дајмлер“ и „Фолксваген“ со своите подружници „Ауди“ и „Порше“, а исто така и германските фабрики на „Форд“ и “Опел“, кои се странска сопственост, во голем степен се типични за целата светска автомобилска индустрија.

Производителите на автомобили се жалат на недостиг на нарачки

Еден од најточните индикатори за состојбата во автомобилската индустрија е портфолиото на нарачки за добавувачи на делови. Во индустријата со долг производствен циклус, набавката на делови се планира долго пред да се пушти финалниот производ – самото возило. И ако производителите се жалат во хор дека во моментов немаат доволно нарачки, тогаш производителите на автомобили се оние кои се „кочници“.

„Првично, направивме пресметки со 3% намалување во производството на автомобили. Сега очекуваме минус 4,5% “ изјави пред германскиот економски весник „Ханделсблат“, Штефан Азенкершбаумер, заменик генерален директор на најголемиот светски производител на автомобилски делови „Бош“.

„Поради намалувањето на автомобилските пазари ние суштински заостануваме од планот“, призна Волф-Хенинг Шнајдер, шеф на друг лидер на пазарот на набавка – „ЗФ Фридрихшафен“.

Забавувањето во светската автомобилска индустрија го погоди и најголемиот хемиски концерн во светот, „БАСФ“. Тој има фабрики во Германија, САД и Кина и насекаде, нивни главни купувачи се производители на автомобили, кои нарачуваат на пример, лакови. На 8 јули германскиот гигант соопшти за нагло, речиси половина, скратување на оперативниот профит во вториот квартал, што го принуди значително да ја намали својата финансиска прогноза за целата 2019 година.

Продажбата на автомобили се намалува побавно, од нивното производство

Како причина за овој пад „БАСФ“ го посочи сериозното забавување на темпото на раст на светското индустриско производство – и прво ја посочи автомобилската индустрија.

„Забавувањето во светската автомобилска индустрија се покажа многу силно. Светското производство во првата половина од годината се намали за околу 6%. Во Кина, најголемиот светски автомобилски пазар, намалувањето е два пати поголемо и достигна околу 13%“, се вели во официјалното соопштение на хемискиот концерн.

Судејќи според тоа, како се намалуваат портфолијата со порачки на германските производители на делови, во втората половина од годината обемот на производството во индустријата може да се намали уште повеќе. „Ханделсблат“ дури и не исклучува колапс. Станува збор за производството, а не за продажбата на автомобили. Тие помалку или повеќе, за сега, се држат, вклучувајќи ги и затоа што дилерите ги продадоа своите залихи со попусти. На пример, во Кина, каде од 1 јули при регистрацијата на нов автомобил почна да се применува построги стандарди за емисиите на издувни гасови.

Патем, некои производители на автомобили веќе се распаднаа. Француската група „ПСА“, која ги поседува брендовите „Пежо“ и „Цитроен“ и германската компанија „Опел“, продаде 12,8% помалку автомобили за првите шест месеци отколку во истиот период минатата година. Продажбата на нејзиниот француски ривал „Рено“ ширум светот паднала за 6,7%.

„Дајмлер“ двапати во три недели ја спушти годишната прогноза

Наспроти ова, резултатите на германската компанија, по крајот на првата половина од годината, не се толку лоши. „Дајмлер“ продаде само 4,6 отсто помалку автомобили од „Мерцедес-Бенц“, а продажбата на „Фолксваген“ паднаа за 2,8 отсто, на „БМВ“ пак дури се зголеми за 0,8 отсто. Како резултат на тоа, баварскиот автомобилски гигант за првпат во историјата на компанијата успеа да продаде во текот на првите шест месеци од годината над 1,25 милиони автомобили.

Но, финансиските резултати ќе бидат клучни. „Фолксваген“ ќе ги презентира полугодишните податоци и новите предвидувања на 25-ти јули. „БМВ“, чиј раководител во почетокот на јули неочекувано објави дека се пензионира, ќе продуцира детален извештај на 1-ви август. И можеби тука зреат непријатните изненадувања.

На 12 јули „Дајмлер“ објави дека компанијата е шокирана од објавата дека во вториот квартал наместо оперативен профит има забележано загуба од 1,6 милијарди евра, а исто така предупреди дека до крајот на 2019 година резултатите ќе бидат „значително пониски“ од минатата година.

Така, кај еден од лидерите на луксузни автомобили во светот, финансиските перформанси брзо се влошуваат. Ова е второто намалување на годишната прогноза на „Дајмлер“ за три недели. Всушност, дел од парите за проблемите на концернот се поврзани со одредена приказна – емисиите на штетни гасови од дизел автомобилите.

Профитите на автопроизводителите се намалуваат во најнепогодниот момент

Но прогнозата на „Дајмлер“, дека профитот од маржите при продажбата на патнички автомобили „Мерцедес“ ќе биде веќе не 6-8%, туку само 3-5%, нема никаква врска со дизел скандалот: тука веќе станува збор за проблеми во целата индустрија. Во позадина на глобалните намалувања на продажбата, побарувачката се стимулира со попусти, а тоа води кон пад на профитабилноста.

„Гледаме пониска маржа за сите производители на автомобили и добавувачи на компоненти. Тоа е причината зошто наредните години ќе бидт сериозен тест“, смета Алекс Вахтмејстер, експерт за автомобили во „Бостон Консалтинг“.

Проблемот е во тоа што актуелниот цикличен пад ја изненади индустријата ја стави во необична и крајно сложена ситуација, фактички „крстосница“: германската и целата светска автомобилска индустрија со форсирано темпо остварува транзиција од класични мотори со внатрешно согорување кон електрични погони и алтернативни горива. Во таков судбоносни момент е потребно напорно да се инвестира за да не изостанеш од старите и нови конкуренти – такви, како американската компанија „Тесла“, која има продадено во вториот квартал рекорден број електрични возила: над 95 илјади.

Токму во овој момент традиционалните производители на автомобили се соочуваат со криза на продажба. Во многу од нив, продажбата особено силно паѓа во Кина (влијае американската трговска војна) што на некој начин ја наметна оваа технолошка трка на целата автомобилска индустрија.

Внесените од Пекинг од 2019 година квоти за електрични возила, кои од 2020 ќе бидат уште пожестоки, следат не само еколошки цели, но и станаа дел од индустриската политика на НР Кина, насочена кон поддршка на домашните производители. Објавувањето на овие мерки пред две години всушност ги фати неподготвени германските и другите странски производители на автомобили. Тие мораа постепено да го забрзаат преминот кон електрична енергија, ако не сакаат да ги загубат своите позиции на гигантскиот кинески пазар.

Високите трошоци за распоредување на електрични и хибридни модели со намалување на продажбата и паѓање на приходите ќе им отежнат на производителите, а некои може да пропаднат. Како во таква ситуација да останеш не само со главата над водата, туку и да ги надминеш останатите?

Една опција е да ги зајакнеш своите сили со помош на спојувања и превземања. Ова на крајот на мај се обиде да го направи италијанско-американскиот концерн „Фиат Крајслер“, кој предложи на францускиот „Рено“ обединување на иста основа, но договорот не успеа. Другата опција – создавање на стратешки сојузи, притоа задржувајќи ја својата независност. Ова е начинот на кој работат „Фолксваген“ и „Форд“.

Слични содржини