Германската влада: Москва треба да му пружи медицинска помош на Навални

од Stefanija Kuzmanovska
172 прегледи

Русија треба веднаш да му пружи медицинска помош на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор веќе две години и чие здравје е влошено, соопшти денеска германската влада.

„Со голема загриженост добивме информации за критичната здравствена состојба на Алексеј Навални“, изјави денеска за новинарите портпаролката на германската влада Кристијане Хофман.

Според неа, она што се случува со Навални може да им се случи на сите оние во Русија кои го креваат својот глас против владата на претседателот Владимир Путин.

Навални во средата рече дека има симптоми на грип и дека му била ускратена соодветна медицинска помош.

Слични содржини