16
Новата германска влада денес одобри пакет за даночни олеснувања и можни намалувања на даноците за компаниите, кој има за цел да ги поттикне инвестициите.
Кабинетот на канцеларот Фридрих Мерц на тој начин се обидува да ја поттикне економијата која е во пад во последните две години, со очекувања дека ќе стагнира оваа година, објави АП.
Германската влада одобри таканаречена програма за стимулација на растот, која сè уште не е усвоена од парламентот.