Германски екстремисти тргнале со мачети и палки да спречат влез на мигранти (ВИДЕО)

од Milan1
380 прегледи

Германската полиција соопшти дека запрела повеќе од 50 десничарски екстремисти вооружени со солзавец, бајонети, мачети и палки кои сакале да патролираат долж полската граница за да спречат мигранти да влезат во земјата.

Екстремистите го следеле повикот на Третиот пат, екстремно десничарска партија за која постои сомневање дека се поврзани со неонацистички групи, нивните членови да ги запрат илегалните преминувања во близина на градот Губен на германско-полската граница.

Полицијата им го заплени оружјето и ги принуди да ја напуштат областа Губен доцна навечер во саботата и раните часови во неделата, изјави портпаролот.