Германски Sky Sports пренесе дека германскиот фудбалски гигант Шалке 04 би можел да доживее вистинска катастрофа, па дури и да згасне.
Според нивните анализи, згаснувањето на клубот е всушност многу реален исход од тешката ситуација во која се наоѓа Шалке благодарение на многу лошото управување со клубот во последните неколку години.
Шалке моментално е во втората лига и е многу блиску до позициите кои водат до третото рангирање во германскиот фудбал, а испаѓањето би било најголем проблем за овој клуб со оглед на тоа што Sky Sports тврди дека добивањето лиценца за трета лига би била невозможна мисија.
„Според информациите, лиценцата на Шалке за трета лига е невозможна. Евентуалното испаѓање би имало последици кои не можат да се предвидат, но едно е јасно. Клубот каков што постои во моментов би бил мртов во хорор сценарио“, велат од медиумот во денешната опсежна анализа.
Доколку Шалке испадне, нема да добие лиценца за 3-та лига, што автоматски значи дека ќе завршат во аматерско натпреварување, што би било навистина погубно за овој клуб.
Клубот основан во 1904 година седум пати бил шампион на Германија, а пет пати го освојувал Купот. Меѓу европските трофеи се издвојува освојувањето на Купот на УЕФА во 1997 година.