Германски истражувачи развиваат безконтактен екран

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Германски научници развиле прототип на touchscreen за дигитални уреди, кој може да се управува без директен контакт со прсти, пренесоа агенциите.

извор: ThinkStock/Getty Images

извор: ThinkStock/Getty Images

Безконтактен дисплеј, создаден од специјалисти од Институтот “Макс Планк” и Универзитетот на Минхен, се состои од наизменични ултратенки слоеви на фосфато-антимонова киселина, која на собна температура е со кристална структура и наночестички од силициум или титаниум диоксид.

Кога човечки прст ќе се доближи на неколку милиметри од екранот, влажноста од водените молекули, кои ги испуштаат порите на кожата, за неколку милисекунди се конвертираат од т.н. Фотонски кристали во електричен сигнал или промена на бојата.

Освен намалувањето на замастување на паметните телефони, таблети и лаптопи, безконтактен екран осетлив на допир може да биде ставен во хигиенски дигитални уреди кои се користат на јавни места, како банкомати и автомати за билети.
Германските научници не објавија кога разработката нивна ќе биде подготвена за сериско производство.