Германски контраразузнавач и негов соработник, бизнисмен, се обвинети за шпионажа во корист на Русија

од Radmila Tasevska

Вработен во германската контраразузнавачка служба и негов познаник се обвинети за предавство откако наводно и предале доверливи документи на Русија, соопшти денеска Обвинителството.

Разузнавачот „Карстен Л.“ беше уапсен во Берлин на 21 декември минатата година, а вториот осомничен, германскиот бизнисмен „Артур Е“, беше уапсен на аеродромот во Минхен на 22 јануари кога пристигна од САД.

Германската Федерална разузнавачка служба (БНД) во моментот на првото апсење соопшти дека ги вовела обвинителите во случајот веднаш откако внатрешната истрага ги потврдила сомневањата за предавство.

Федералните обвинители денеска соопштија дека во мај 2021 година, Карстен Л. се сретнал со Артур Е., кој бил во контакт со извесен руски бизнисмен поврзан со руската разузнавачка агенција ФСБ.

Тројцата, наводно, се сретнале во септември 2022 година и се согласиле да ги пренесат чувствителните информации од БНД на ФСБ.

Во два наврати, од средината на септември до почетокот на октомври минатата година, Карстен Л. добил девет документи поврзани со германскиот проект за собирање податоци од техничко разузнавање, кои ги отпечатил или фотографирал од својот компјутерски екран, се вели во соопштението на обвинителот.

Карстен Л потоа му го дал материјалот на Артур Е, кој ги фотографирал датотеките, ги однел дигитализираните податоци во Москва, ги испечатил и ги предал на ФСБ на состаноците со руски офицери.

Според нивните тврдења, Карстен Л. добил најмалку 450.000 евра од ФСБ, а Артур Е. најмалку 400.000 евра во кеш. Овие пари Артур Е. ги добил во Москва во ноември 2022 година. Карстен Л. потоа организирал Артур Е, кога пристигнал во Германија, да биде „прошверцуван“ покрај германските цариници, наводно од професионални причини, тврдат обвинителите.

Двајцата беа обвинети пред судот во Берлин за „заедничко извршување на особено тешко предавство“, соопштија обвинителите, додавајќи дека информацијата доставена до ФСБ е државна тајна.

Слични содржини