Германски министер: Ситуацијата со „Северен тек 2“ не треба да се поврзува со Навални

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Германскиот министер за економија и енергетика, Питер Алтмаер, во интервју објавено од медиумската групација „Функе“ изјавил дека смета дека е погрешно да се поврзе спроведувањето на проектот „Северен тек 2“ со ситуацијата околу Алексеј Навални и други одделни случаи.

„Не треба да го поврзуваме завршувањето на Северен тек 2 со случајот Навални. Треба да процениме и да донесеме одлука за изградба и завршување на гасоводот независно од одделни случаи“, рече Алтмаер.

„Веќе 50 години снабдувањето со гас никогаш не било политичко оружје во односите Исток-Запад. Тоа придонесува за безбедноста на нашето снабдување со гас“, нагласи тој.

„Треба да измериме сè многу внимателно пред евентуално да се оддалечиме од таа линија“, рече министерот.

Алтмаер потсети дека одлуката за изградба на „Северен тек 2“ е донесена одамна.

„Властите на различни европски земји го одобрија проектот во согласност со законодавните процедури“, додаде тој.

Слични содржини