Германски научници открија вакцина против машкото неверство

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Германски научници открија вакцина против машкото неверство, која го штити посилниот пол да не скршне од вистинскиот пат.4500995

Лекот е развиен од Универзитетот во Бон врз основа на хормонот окситоцин. Тој го стимулира “центарот за задоволство” во машкиот мозок и ја засилува привлечноста кон постојаниот партнер.

Лекот е тестиран врз стотици доброволци. Половина ја прифатиле вакцината, а другата половина плацебо, по што излегле на забава со непознати жени. Резултатите покажуваат дека вакцината ја намалила желбата на мажите да флертуваат со непознати жени, додека оние кои не примиле окситоцин биле силно заведени од најубавите припаднички на понежниот пол. Истражувањето воспоставува уште дека кај жените окситоцинот го зголемува спокојството и приемчивоста.