Кон средината на декември, масовната имунизација со вакцината „Спутник V“, развиена од московскиот институт Гамалеја, треба да започне во Русија. Дописникот на Дојче Веле, Сергеј Сатановски, веќе ја примил вакцината и ги забележал своите искуства.
„Бидете волонтери во тестирањето на вакцината против Ковид-19“, така пишувало во насловот на Интернет, при барањето на учесниците во тестирањето. За вакцината во септември малку се знаеше, а бројот на заразени во Русија не беше алармантен. Тоа се смени во ноември, кога бројот на заразени нагло се зголеми“, напишал новинарот.
Тој изјави дека бил убеден да ја прими вакцината поради страдањата на пријателите кои сериозно се разболеле и биле ставени во карантин во становите.
Тестот е извршен во болницата Шадкевич, каде што му било објаснето дека целта на студијата е да се испита ефикасноста, имуногеноста и безбедноста на вакцината „Спутник V“. Во претходната фаза, вакцината била тестирана на животни кај кои била утврдена ефикасност и безбедност, а само безбедност на претходните волонтери.
Во студијата учествувале 40.000 луѓе, од кои 30.000 ќе примат вакцина, 10.000 ќе добијат плацебо. Три недели по вакцинирањето, учесниците мора да дојдат во болница за да ја примат втората доза од вакцината. Во апликацијата „Чек Ковид-19“, тие мораат да водат дневник за нивната состојба, кои биле негови должности.
Тој изјави дека му било сугерирано да учествува во дополнителни истражувања. Првата студија не вклучувала крвен тест за антитела. Државата им плаќа на учесниците 8.500 рубљи за дополнително истражување, што е околу 93 евра. Земени се 95 милилитри крв, за што тој се согласил.
Осигурен живот
Лекарка му објаснила дека неговиот живот е осигуран за време на тестирањето, иако тоа било целосно безбедно. Осигурителната полиса вели дека во случај на негова смрт, законските наследници – во неговиот случај родителите – би добиле два милиони рубљи (околу 22 000 евра). Во случај на сериозно оштетување на здравјето или попреченост, би се платиле од 500 000 до милион и пол рубљи.
„Пред вакцинацијата, ми беа извршени тестови за СИДА, сифилис, хепатитис Ц и Б, на коронавирус и на двата начина. Ги испитаа остатоците од лекови во урината. Не најдоа ништо, па така станав учесник. Лекарот ми даде безболна инјекција во левото рамо. Добив потврда за учество и можев да си заминам дома. Ми објаснија дека можам да имам покачена телесна температира и да земам парацетамол во тој случај. Покрај тоа, тие ме замолија да не планирам деца во следните три месеци, бидејќи не е испитан ефектот на вакцината врз спермата“, соопштил новинарот.
Температура и треска
Тој изјавил дека дури по вакцинацијата прочитал како реагирале другите учесници на вакцината. Меѓу нив има новинари и членови на групата „Резултати од вакцини“ на социјалната мрежа Телеграм, кои ги има оклу 1.800. Некои учесници се пожалиле на температура и треска истата вечер по вакцинирањето или следниот ден.
Сатановски навел дека кога заминал од работа во седум часот навечер, веќе имав главоболка, лесна треска и вртоглавица, но тој не ја исклучи можноста дека станува збор за автосугестија, бидејќи прочитал дека симптоми имаат и луѓе кои добиле плацебо наместо вакцина. Тој додал дека во текот на вечерта веќе немало сомнеж дека станува збор за телесна реакција на вакцината, бидејќи неговата температура е 38,6 степени. Мускулните болки се засилиле по последната вежба за јога.
„Сето тоа беше непријатно, но мило ми беше што веројатно ја примив вистинската вакцина, а не плацебо. Зедов парацетамол, ги запишаб симптомите во дигитален дневник и заспав. Следниот ден, температурата падна на 37 степени, а ден потоа сите несакани ефекти исчезнаа“, изјавил новинарот.
Тој вели дека за три недели ќе добие уште една инјекција со дополнителна компонента на вакцината, а приближно 42 дена по првата вакцина, неговото тело треба да произведува антитела.
„Дали ќе биде успешно во одбраната од вирусот, останува да видиме“, заклучил Сатановски.