Германски пекари во недела поскапо ги наплаќаат лебот и пецивата

од Vladimir Zorba

Во германскиот град Дрезден, купувачите во недела мора длабоко да „копаат“ во своите џебови за леб и пецива во неколку пекари. Причините за поскапувањето не се само зголемените трошоци за енергија.

Дрезденски пекар од викендов воведува доплата за своите производи. Во иднина клиентите во пет експозитури ќе плаќаат од 10 до 15 отсто повеќе за пецива, леб и колачи во недела, пишуваат германските медиуми.

Поскапувањето не се оправдува само со повисоките трошоци за енергија, туку и со зголемувањето на платите за 50 отсто на вработените во недела.

„Внимателно пресметавме, генерално би ги покачиле цените, но мислиме дека во недела муштериите ќе се почастат со свежи пецива по малку повисока цена бидејќи сме отворени“, изјави пекарот за германските медиуми, цитиран од Феникс Магазин.

Тој не е единствениот што ги зголемил цените за викенд

Два примери за пресметки: од понеделник до петок пециво чини 80 центи, а во недела 90 центи.

Еден килограм мешан леб се добива во текот на неделата за четири евра, а во недела за 35 центи повеќе.

Во пекарските експозитури клиентите биле информирани за неделното поскапување, јавуваат германските медиуми.

Друг пекар од Дрезден речиси една година практикува поскапувања во недела.

Еден килограм леб неделно чини 3,70 евра, а за викенд 4,05 евра.

Интегрален леб од 750 грама чини 3,80 евра во работни денови и 4,15 евра за викенд.

Исплаќа доброволни бонуси на работниците

„Свесен сум дека во мојата работа морам да работам и за викенди. Но, за помладиот персонал, слободното време и споделените искуства со семејството и пријателите за време на викендот играат сè поважна улога“, вели пекарот.

Затоа сакал на своите вработени да им исплати доброволен бонус во недела и државни празници. Оттогаш нема кадровски грижи, наведуваат германските медиуми.

Германците јадат околу 80 килограми леб и пецива годишно, пресмета Здружението за истражување на житарици, пазар и исхрана. Ниту една друга земја не јаде повеќе од тоа. Но, цените на пекарските производи последниве години се зголемени.

Поскапувањето пекарите го оправдаа со повисоки трошоци за персоналот, скок на цените на суровините, како и повисоки трошоци за енергија.

Слични содржини