Група пратеници од владејачката партија Христијанско-демократската унија имаат развиено “таен” план за заштита на Германија, соопшти британскиот весник “Индипендент”.

Според пратениците овој план е во духот на Берлинскиот ѕид. Иницијативата на пратеници од партијата предводена од канцеларот Ангела Меркел, вклучува ограда од бодликава жица по источната граница на Германија.
Според “Индипендент” таа “не се разликува од оние кои беа демонтирани по падот на Берлинскиот ѕид”. Досега Меркел ги отфрлаше сите барања за нови гранични куќишта. Но новиот план за заштита на германските граници е поддржан од 188 од вкупно 310-пратеници предводена од партијата, забележува Independent.
“Ние треба да го запреме протокот на бегалци”, изјави пратеникот Кристијан Фон , автор на иницијативата. Според него, планот ќе биде предложен за гласање во парламентот за две недели. Се очекува во Германија до крајот на годината да пристигнат1,5 милиони мигранти. Во логорите се организираат протести и собири како на противници, така и на поддржувачите на бегалците.