Светот доби нов (електричен) крал на забрзувањето, но тоа не е Tesla! Група студенти од Универзитетот во Штутгарт го соборија Гинисовиот рекорд со автомобил направен од јаглеродни влакна.
Минијатурниот едносед, тежок 145 килограми, достигна 100 km/h за импресивни 1,4 секунди.
Тимот на „GreenTeen“, собран околу амбициозниот проект, го планираше првото возење во септември, но од технички причини беше одложено за 6 октомври.
Нивниот автомобил има погон на четири тркала, додека електромоторот произведува 241 КС, пренесe The Drive.
Благодарение на малата тежина, тој е способен да произведе сила од 2 g, при максимално забрзување. За споредба, Формула 1 болидите „испорачуваат“ идентична бројка.
Претходниот рекорд го држеше швајцарскиот тим AMZ Racing, чиј електричен модел достигна „стотка“ за 1,5 секунда.