Германски свештеник: Хомосексуалноста не е Божја грешка, туку Божја волја

од Nikola Popovski
234 прегледи

Еден од најпрогресивните германски католички бискупи ја нарече хомосексуалноста „Божја волја“, велејќи дека се предомислил за ова прашање, пренесува Хина.

„Хомосексуалноста не е Божја грешка, туку Божја волја, исто како и самото создавање“, изјави бискупот Хелмут Дисер за „Christ & Welt“.

„Да, мојот поглед се промени“, додаде тој.

Католичката црква ја смета хомосексуалноста за грев. Според Црквата, да се биде хомосексуалец не е престап само по себе, туку хомосексуалниот чин е.

Конгрегацијата минатата година одлучи дека на католичките свештеници не им е дозволено да го вршат обредот на благослов на хомосексуални партнерства.

Дисер рече дека е свесен дека Рим сè уште ја смета хомосексуалноста за грев, додавајќи дека овој концепт е сомнителен.

„Кога станува збор за љубовта, таа љубов која е еротска форма, кога телото станува израз на таа љубов и нејзиниот јазик, тогаш мислам дека љубовта не може да биде грев“, рече бискупот.

„Дали свештеникот благословува хомосексуални парови е лична одлука на секој свештеник“, смета Дисер.

Слични содржини