Германски турист оштети позната фонтана во Фиренца, се соочува со висока парична казна

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Германски 22-годишен турист ја оштетил познатата фонтана на Нептун во Фиренца додека се качувал на знаменитоста за фотосесија. Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се слика, но притоа скршил дел од мермерот на пајтонот.

Кога скокнал на коњот го оштетил и копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока парична казна.

Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери. Градоначалникот на Фиренца, Дарио Бардела објави една од фотографиите од Фејсбук профилот на младиот човек, со поцрнето лице.

„Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство“, напиша градоначалникот.

Фонтаната датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.

Слични содржини