Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, изјави дека би сакал претставниците на Србите на Косово „конструктивно да придонесат за деескалација“, односно да им објаснат на граѓаните дека „реалноста е дека косовските регистарски таблички мора да се користат во Косово“.
Роде на Твитер напиша дека Европската унија и земјите од Квинте од почетокот имаат јасен став дека „Косово има право постепено да ги укинува КМ и сличните таблички“, додавајќи дека тоа е во согласност со бриселските договори.
„Ние, исто така, секогаш сме биле гласни за подолг преоден период, вкупно 12 месеци, како што е предвидено во споменатиот договор, за прагматично решавање на преостанатите технички прашања. Сè уште веруваме дека треба да се следат нашите совети“, посочил басадорот.
Рокот за пререгистрација на возилата со српски регистерски таблички на Косово истече вчера, а денеска косовската полиција почна со опомени до возачите.
Предупредувањата ќе се делат до 21 ноември, кога ќе бидат казнети со по 150 евра оние чии возила не се пререгистрирани со таблички РКС.