Германскиот „крал на модата“, мултимилионер и успешен бизнисмен Хелмут Шлотерер ја донираше својата модна куќа Marc Cain на работниците, објави „Capital.ba“.
Неговата успешна компанија се наоѓа во провинцијата Баден-Виртемберг, а сите акции што ги имал ги префрлил на вработените кои ќе продолжат да ја произведуваат женската гардероба која го прослави низ Германија и во светот.
Сопственикот и основачот на успешната компанија беше на нејзино чело 50 години, а со компанијата сега ќе раководи „работнички совет“ во кој се сите раководители на сектори.
„Најважно ми е компанијата да е во вистински раце, бидејќи продажбата никогаш не ми била опција, а бидејќи јас и жена ми немаме деца, така решив“, изјави Шлотерер, кој исто така е на листата на Форбс.