Германскиот министер Писториус: Мора да се подготвиме за војна со Русија

од Milan1
458 прегледи

Германија треба да се подготви за војна против Русија во наредните години, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

– Германија треба да се подготви за војна до 2029 годинa, рече тој.

За да го направи тоа, Берлин мора да внимава на обуката на војниците, на материјалните и финансиските компоненти, додаде тој.

Писториус рече дека руската победа во Украина ќе го чини Берлин повеќе од воена и финансиска помош за вооружените сили на Украина.

– Мора јасно да разбереме, победата на Русија би не чинела повеќе од сегашната поддршка за Украина, рече министерот.

Според Писториус, враќањето на задолжителниот воен рок станува задолжително за земјата.

Слични содржини