Германскиот министер Спан: Вакцинираните лица ќе имаат и одредени привилегии

445 прегледи

Германија планира да обезбеди одредени привилегии на вакцинираните лица против ковид 19 во однос на невакцинираните, истакна министерот за здравство, Јенс Спан.

Спан рече дека вакцинираните лица ќе можат да патуваат без задолжителен карантин, да одат во фризерски салон и да купуваат со минимални ограничувачки мерки, бидејќи резултатите од новото истражување покажуваат дека вакцинираните лица претставуваат мал ризик од пренесување на вирусот.

„Секој што е вакциниран може да оди на шопинг или во фризерски салон без тестирање. Покрај тоа, резултатите од испитувањето на институтот „Роберт Кох“ покажуваат дека вакцинираните лица не мора да одат во карантин “, потенцира Спан, пренесува германски„ Билд “.

Тој не го објави точниот датум кога овие прописи можат да стапат во сила, иако германските медиуми пишуваа дека тоа може да се случи во следните недели.

Прочитајте повеќе за ковид-19 и последиците од пандемијата во земјата и светот на страницата Коронавирус.

Слични содржини