305
Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска изрази стравување дека единството на Европската унија „почнува да се распаѓа“, пред самитот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ембаргото за нафта од Русија и плановите за намалување на зависноста од руската енергија.
„По нападот на Русија врз Украина, видовме што може да се случи кога Европа ќе биде обединета. Со оглед на утрешниот самит, да се надеваме дека ќе продолжи вака. Но, тоа веќе почнува да се распаѓа“, рече Хабек на прес-конференцијата на отворањето на саемот во Хановер,пренесува Ројтерс.