Германскиот министер за економија: „Северен тек 2“ е голема грешка во геополитичка смисла

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека проектот на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ е голема грешка во геополитичка смисла. Хабек исто така предупреди дека ќе биде суспендиран во случај на руска ескалација во Украина.

Хабек додаде дека доколку ситуацијата во Украина ескалира, Русија ќе мора да сноси тешки последици, велејќи дека секоја натамошна воена агресија не може да помине без остри последици.

Кога станува збор за контроверзниот гасовод, германскиот министер за економија истакна дека сите европски земји, освен Германија и Австрија, секогаш биле против „Северен тек 2“.

Слични содржини