Германскиот парламент го одобри Законот за имиграција за да привлече квалификувани работници

од Vladimir Zorba
243 прегледи

Германскиот парламент денеска го одобри новиот закон за имиграција, дизајниран да привлече квалификувани работници во земјата, која страда од недостиг на работна сила што тежи врз економијата.

Законот беше усвоен со 388 гласа „за“ – за него гласаа владејачката СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 234 пратеници гласаа „против“, а 31 беа воздржани, пренесе Ројтерс.

Конзервативниот парламентарен блок составен од опозициската ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ гласаше против нацрт-законот, тврдејќи дека ќе им го олесни влезот на неквалификуваните работници.

Слични содржини