Германскиот претседател го поздрави проевропскиот став на Албанија

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска го поздрави проевропскиот став на Албанија и ги повика властите да продолжат со реформските чекори кон членството во Европската унија.

Штајнмаер е во посета на Албанија за да разговара со највисоките функционери за преговорите за членство во ЕУ и за ситуацијата на Западен Балкан.

„Ве молам да продолжите со понатамошна работа во борбата против сите пречки, во справувањето со корупцијата и организираниот криминал, да продолжите со реформите во судството, а опозицијата и власта да работат надвор од политичките битки кон заедничката цел за членство во ЕУ“, рече Штајнмаер во својот говор во парламентот.

Албанија и Северна Македонија, кои Штајнмаер ги посети претходно оваа недела, ги започнаа преговорите за членство со ЕУ во јули, процес кој се очекува да трае со години.

Штајнмаер рече дека регионалната соработка е најдобриот начин за побрза интеграција во Европската унија.

Слични содржини