Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер им вети на балтичките партнери на НАТО – Естонија, Латвија и Литванија, германска помош за време на посетата на воздухопловната база Амара во Естонија во средата.
„НАТО е подготвен да го брани секој сантиметар од територијата на Алијансата“, рече Штајнмаер.
„Ние сме на страната на балтичките земји и ја гарантираме нашата заштита. Во овој поглед можете да се потпрете на Германија“, додаде тој.
Заедно со САД и Велика Британија, Германија сега обезбедува најмногу сили на источното крило на воениот сојуз на НАТО, рече тој.
Штајнмаер го посети Амари, 40 километри од главниот град Талин, за да се информира за заедничката мисија на неговата земја со Велика Британија за заштита на воздушниот простор на трите балтички републики.
„Тука сум и да им се заблагодарам на војниците од се срце за мисијата што ја извршуваат“, истакна германскиот претседател.