Германскиот претседател повика на формирање на Трибунал за злосторства во Украина

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер денеска повика на формирање на Трибунал за воени злосторства извршени во Украина, пред кој ќе треба да одговараат и политичари.

Штајнмаер изјави за „Шпигел“ дека секој кој е одговорен за злосторства мора да одговара.

„Тоа ги вклучува војниците, но и воените команданти. Се разбира, оние кои имаат политичка одговорност“, подвлече германскиот претседател.

Слични содржини